Карлос Алкараз има 20 години и има постигнато голем успех. Но и покрај тоа, сите пренесуваат дека младиот Шпанец води скромен, повлечен живот. Поради тоа што си ја цени приватноста, Карлос ретко зборува за љубовта, но во една пригода изјавил дека 18 месеци немал девојка, бидејќи му било тешко да ги усогласи приватниот и професионалниот живот.

Меѓутоа, успеал да најде девојка која е 3 години постара од него, додека шпанските медиуми пренесуваат дека тој и Марија Гонзалес Хименез се пријатели од детството. Пораснале во ист град, а љубовта подоцна природно им се случила.

Која е Марија Гонзалес Хименез?

Марија има 23 години, родена е во Шпанија и исто така се занимава со тенис. Иако многу малку се знае за неа, познато е дека често патува, а на својот инстаграм-профил споделува фотографии од тие патувања. Нејзиниот професионален живот не е толку успешен како тој на Карлос, но се знае дека Марија е страстен навивач за младиот Алкараз.

Марија игра во шпанскиот национален тим и има цел да се пласира на меѓународната сцена. На Инстаграм ја следат 12000 луѓе, а често споделува и фотографии од приватниот живот, од кои може да се види дека има куче.

Што се однесува до Карлос, многумина предвидуваат дека ќе му биде сериозна конкуренција на Ѓоковиќ и го споредуваат со Надал од младите денови. Неговиот талент го препознале и големи фирми, па така младиот тенисер ги рекламира „Најк“, рекетите „Баболат“, како и „Ролекс“.

Меѓутоа, тој сè уште е под родителски надзор и неговото семејство се грижи за парите.

„Кога се враќам дома, заборавам дека сум професионален тенисер. Доаѓам како потполно нормално момче. Пари? Моите родители се занимаваат со тоа. Ако треба да си купам нешто, како реквизити за голф, тоа не е никаков проблем. Но и понатаму се борам со нив да ми дозволат да си купам автомобил.“

Карлос не сака да го викаат по име, претпочита да го викаат Карлитос или Чарли.

Како се храни Карлос Алкараз?

Неговиот начин на исхрана комплетно се разликува од оној на Новак Ѓоковиќ.

„Најчесто, навечер јадам ориз со риба. Час и половина пред почетокот на натпревар јадам паста со 100 отсто какао-крем, а урмите и маслиновото масло ми даваат дополнителна енергија.“