Затемнување на Сонцето се очекува на 30 април, а почетокот на таканаречениот „коридор на затемнувања“ ќе има многу силно влијание врз некои хороскопски знаци.

Оваа година, 2022 година, затемнувањето ќе се случи во Бик, моќен земјен знак одговорен за стабилност, независност и сила. Бикот е пасивен, инертен, па се смета за можеби најсигурен знак на Зодијакот. Не е чудно што затемнувањето на Сонцето и Младата Месечина ќе влијаат на тоа да откриеме некои работи за себе, повеќето од нив врз основа на претходни искуства, но и некои врз основа на интуиција и чувства.

БИК

Планирање, спознавање, емоции, интуиција – сето тоа може да го извади Бикот од вообичаената рамнотежа. Претставниците на овој знак ќе бидат принудени да преиспитаат некои планови за животот и да се гледаат себеси на нов начин. Но, тој ќе има сесрдна помош од роднините и пријателите. Среќата им оди во прилог, а проблемите ги решаваат многу полесно отколку што мислеле.

ЛАВ

Ѕвездите ќе се погрижат да направат промени во животот на Лавот и да го натераат да преиспита некои свои ставови. Но, поради изразената гордост претставниците на овој знак ќе мора сами да тргнат по овој пат на промени, а можно е некои да ја сменат работата. Лошата комуникација со партнерите и блиските пријатели, големата недоверба дополнително ќе ги оддалечи. Доколку чекаат ситуацијата да се среди сама од себе, можно е да пропуштат некои добри можности за успех.

СКОРПИЈА

Скорпијата треба да се слуша себеси и да и верува на својата интуиција, бидејќи за разлика од Лавот, за нив започнува времето на најпрофитабилните партнерства. Можно е љубовните врски овде да се мешаат со бизнисот, но Скорпиите се карактеризираат со способност да го одвојат приватното од деловното.

ВОДОЛИЈА

Припадниците на овој хороскопски знак ги очекуваат големи изненадувања, всушност ќе бидат шокирани од ситуациите кои ќе им се наметнат. Важно е да не дозволат ескалација на проблемите, а новата, лоша ситуација на работа да стане секојдневие. Водолијата не треба да се движи или да патува, може да дојде до неочекувани компликации поради кои само ќе ги загубат нервите.

Астролозите ги советуваат сите знаци на Зодијакот слободното време да го посветат на семејството, да се држат настрана од драстични промени, а кога ќе заврши „коридорот за затемнување“, тогаш да се вратат на вообичаената рутина.