Заврши првиот круг од руско-украинските преговори. Ќе има и втор. Ова накратко е заклучокот од руско-украинската средба во Белорусија со цел да се стави прекин на војната по инвазијата која Русија ја извршува врз Украина
Советник на шефот на канцеларијата на украинскиот претседател Микаило Подољак изјави:
„Страните идентификуваа голем број приоритетни теми за кои се изнесени одредени решенија. Со цел овие одлуки да добијат некакви можности за имплементација во логистичките решенија, страните заминуваат на консултации во нивните држави.
Двете страни разговарале и за можноста наскоро да се одржи втор круг преговори, на кој овие теми ќе добијат конкретна развојна пракса.
– На разговорите меѓу делегациите на Русија и Украина беа пронајдени точки по кои може да се предвидат заеднички позиции, рече рускиот претставник Медински.
Тој додаде дека следната средба на делегациите на Москва и Киев ќе се одржи на белоруско-полската граница во наредните денови.
– Делегациите на Руската Федерација и Украина ќе се консултираат за преговарачките позиции со лидерите на земјите пред вториот круг преговори, рече Медински.