Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на економскиот форум во Давос изјави дека не е сигурен дали претседателот на Русија Владимир Путин е воопшто жив.

-Јас навистина не разбирам со кого да разговарам и за што. Не сум сигурен дека рускиот претседател кој понекогаш се појавува на зелениот екран е всушност оној (вистинскиот). Не разбирам навистина дали е жив и одлучува или кој друг одлучува таму. Која група на луѓе? Немам такви информации – рече Зеленски.

Тој додаде дека не разбира како некој може да им ветува на европските лидери едно нешто, а следниот ден да изврши целосна инвазија на друга земја.