Жестока караница избила пред скопско помеѓу мајка на ученичка и наставен кадар. Причината била барањето на мајката, нејзината ќерка да не носи маска. Родителот е Гордана Гоџо, активистката која ги предводеше протестите против мерките за спречување на коронавирусот.
Наставниот кадар постојано во видео материјалот ја разуверува Гоџо дека носењето маски е за здравјето на нејзиното дете, но таа е упорна дека од маската детето се гуши и не нуди никаква заштита.
Мајката посочува: „Јас сум загрижен родител“, а секретарот на училиштето и враќа: „И јас сум загрижен за моето здравје“, а таа го убедува: „Немаш доказ дека Лена (ќерка ѝ) може да те зарази“.
Целата караница трае 19 минути, а во моментот кога доаѓа директорката на училиштето ѝ посочува на ученичката да не плаче.
„Протоколите мора да се почитуваат“, посочи директорката, а мајката врати: „Децата не треба да носат маски“.
По ова родителката почна да вика: „Од што ве штити маската?“.
-Не сум купила маска две години. Од што ве штити маската, во аптека сте побарале декларација да видите од што ве штити оваа крпа?, рече Гоџо.
За Гоџо здравствените протоколи немаат научен доказ.
-Се знам луѓе, до најситен детал и не можете со мене. Вие го гушите детето. Другите деца носат маска, значи заштитени се. Значи нема проблем моето дете да не носи. А гарантирам дека утре уште половина клас нема да сака да носи. Немате никакви докази, спроведувате работи ненаучно докажани. Ви не сте здравствена установа туку воспитно научна установа, вели Гоџо кога секретарот на училиштето и вели дека протоколите се следат и се наложена јавноздравствена мерка.
Инаку, Гордана Гоџо е позната по протестот кој се одржа против корона мерките.