Инфлуенсерката Кристина Кика Ѓукиќ беше пронајдена мртва на 9 декември во станот во кој живеела во Белград, а нејзиниот погреб ќе биде извршен денеска, 14 декември, на белградските гробишта во Лешче.
Откако Кика беше пронајдена мртва, се појавија шпекулации дека девојчето се самоубило, но семејството со официјално соопштение ги демантираше овие наводи, нагласувајќи дека се уште нема официјални докази дека тоа навистина се случило.
Нејзината пријателка Мина Деа Аврамовиќ откри дека Кика не била суицидална личност и дека роденденот на нејзината мајка бил на тој трагичен ден, што според неа е единствената причина поради која повеќе не верува во приказните дека Кика решила да крене рака врз себе.
– Информациите кои јавноста веројатно не ги знае се дека тој ден и било роденден на нејзината мајка… А Кика дефинитивно не беше личност која, дури и да го направила тоа, а се уште не знаеме што точно се случило, би го направила на денот на роденденот на нејзината мајка. Секако дека нешто се случило, но сега останува на полицијата, патолози и лекари да откријат што се случило, а ние можеме само да нагаѓаме, што мислам дека ќе доведе до нови проблеми, заклучилa за Hype TV другарката на починатата јутјуберка.
Да потсетиме, семејството на трагично починатата инфлуенсерка излезе со соопштение во кое вели:
– Нашата Кика ја нема повеќе и тоа е нешто што за жал не можеме да го промениме. Она што можеме да го направиме е да побараме од медиумите, инфлуенсерите, пријателите и „непријателите“ да престанат да шпекулираат за тоа што се случило и што ја предизвикало смртта.
– Во извештајот од обдукцијата е наведено дека причината за смртта е НЕПОЗНАТА (шифра c1156-21). Токсиколошкиот наод може да потрае и до 2 месеци, па пред тоа нема да имаме информации што точно се случило.