Мери Ен Вебстер е родена во текот на 70-те години на 19-от век, во сиромашно многудетно семејство. Покрај неа, во семејството имаше уште 7 деца. Познато е дека Мери уште како млада девојка започнала да работи како медицинска сестра во една лондонска болница.

Пред да стапи во брак, Мери живееше сосема нормално, а како и многу нејзини врснички, исто така и таа важела за една привлечна и прекрасна девојка. Во 1903-та година, на 29-годишна возраст, таа стапи во брак со Томас Беван, кој по професија беше цвеќар и оттогаш нејзиниот живот започна да влошува.

Со текот на годините, младата жена сè почесто започна да се соочува со болки во мускулите и зглобовите, а честите мигрени придонесоа за нагли промени во расположението.

Но, и покрај овие загрижувачки симптоми, Мери Ен воопшто не обраќаше внимание на нејзиното здравје, бидејќи мораше да се грижи за нејзините четири деца.

Како што времето минуваше, нејзината болест се влошуваше, а промените во надоврешниот изглед само дополнителни придонесоа за влошување на симптомите. Лицето на Мери започна да добива груби црти, што најмногу сте манифестираше преку изгледот на носот, брадата и ушите.

Нејзиниот череп започна да се издолжува, рацете и нозете започнаа да растат непропорционално. По извесно време лекарите утврдија дека Мери страда од акромегалија.

Иако денес болеста може да се лекува, во тогашно време, медицината сè уште не била толку развиена да се бори со болеста, а како резултат на тоа, не останал ниту траг од убавината на Мери. Иако случајните минувачи веќе започнале често да ја исмеваат, Мери Ен добила огромна поддршка од нејзиниот сопруг, кој ниту еднаш не помисли да се разведе од неа.

Во 1914-та година Томас починал, што дополнително го отежна животот на Мери, која сега сама мораше да се грижи за четирите деца. Првично, таа прифаќаше било каква работа, сè до моментот кога дозна дека во Англија започнал конкурс за титулата „Најгрда жена“. Мери веднаш се пријавила и не било никакво изненадување што веднаш ја освоила главната награда.

По бројни успешни и добро платени настапи, Мери успеа да го привлече и вниманието на Американецот Сем Гемпец, сопственик на циркус, за кој набрзо Мери започна да работи, а со самото тоа се пресели и да живее со семејството во Америка, поточно во Њујорк.

97r/28/huty/7538/17

На 59-годишна возраст Мери починала, поради компликации со болеста. Многумина се едногласни дека и покрај болеста и надворешниот изглед, Мери била една неверојатно силна жена, која и покрај сите потешкотии, никогаш не се откажала од животот!