Тешка и засега необјаснива сообраќајка се случи вечерва во скопската општина Карпош, поточно во близина на станбено-деловниот комплекс „Порта Влае“.
Според првичните неофицијални информации и од она што може да се забележи од фотографиите, во несреќата се оштетени повеќе возила и притоа е срушена метална бандера со помал билборд.
Засега не се познати точните причини за оваа несреќа, во делот од булеварот кој обично во недела навечер е речиси празен. Голема и неприлагодена брзина на движење најверојатно е причинител за сообраќајката, но детални информации од Министерството за внатрешни работи засега нема.
Исто така, не е познато дали во несреќата има повредени лица, или пак причинета е само материјална штета. Повеќе информации очекуваме во текот на вечерта.
📸
📸