Дописникот на Би-Би-Си во Киев штотуку објави дека слушнал пет до шест „далечни експлозии“ во Киев, и вели дека има извештаи за експлозии на други места во земјата.
Локалните медиуми јавуваат дека пукотници се слушнале во близина на главниот аеродром Бориспил во Киев.
Експлозии можат да се слушнат за време на јавувањето во живо на репортерот на Си-Ен-Ен од Киев.
Според Ројтерс, експлозија се слушнала и во Русија, во близина на украинската граница.
И украинското министерство за внатрешни работи соопшти дека нападот со вкрстени и балистички проектили е во тек. Медиумите и во Украина јавуваат дека експлозиите се слушаат во неколку градови, заедно со главниот град Киев.