Украина тврди дека соборила руски авиони, Русија тоа го демантира
Воздухопловните сили на Украина тврдат дека собориле пет руски авиони и еден хеликоптер рано наутро во вторникот, откако Русија почна со нападот врз земјата.
Руската војска ги отфрли обвинувањата, јавува Си-Ен-Ен.
Според Си-Ен-Ен, експлозии се слушнале во седум украински градови: Киев, Харков, Краматорск, Днипро, Мариупол, Одеса и Запорожје.
Украинскиот министер за надворешни работи на Твитер објави: „Путин штотуку започна целосна инвазија на Украина“.
Тој нагласи дека Украина „ќе се брани себеси и дека светот може и мора да го запре Путин“.
Рускиот претставник во Обединетите нации, Василиј Небензја, рече дека Русија има право на воени операции според член 51 од Повелбата на ОН, кој дозволува самоодбрана.
Според Ројтерс, Небензја пред Советот за безбедност на Обединетите нации изјавил дека Путин најавил специјална воена операција во источна Украина.
Во телевизиско обраќање Путин рече дека целите на Русија не се да ја окупира Украина.
„Нашите планови не се да ја окупираме Украина, не планираме никому да се наметнуваме“, рече Путин, најавувајќи ja воената акција во Украина.