Украински полицаец го загуби целото семејство во руската инвазија на Украина, вклучително и шестгодишна ќерка и шестнеделен син. Децата загинале со мајка им, бабата и дедото на денот кога Русија ја започнала својата инвазија.
Олег Федко (30) бил во патрола кога биле убиени неговите најблиски, кога војници отвориле оган врз два автомобили на патот кај Нова Каховка во јужна Украина.
Украинските медиуми јавуваат дека руските војници пукале во семејството во бомбардираната област Керсон, северно од Крим.
Шестгодишната Софија Федко и нејзиниот брат Иван, кој имал шест недели, загинале заедно со нивната мајка Ирина (27), баба Ана и дедо Олег (56), на првиот ден од конфликтот во Украина.
Братот на Олег, Денис Федко, изјави дека во моментот на трагедијата разговарал со мајка му на телефон.
“Разговарав со мајка ми. Постојано ја слушав мајка ми како вика дека децата се во автомобилот и како ‚можеш да го направиш тоа'”, рекол тој.
Тој опиша како изгледал нападот.
„Го слушнав малиот Вања како гласно вика. Имаше само месец и половина. Потоа слушнав пукотници. Се молчи, па повторно истрели. Имаше два рафала, секој со по три куршуми. Разбрав дека тие сакаат да се уверат дека се мртви “, рече тој.
На лице место починале родителите на полицаецот. Децата биле пренесени во болница, но лекарите не успеале да ги спасат, пишува Гардијан.
Извештаите велат дека постариот Олег ги возел членовите на семејството додека неговиот син бил на должност. Истиот ден, 24 февруари, руските војници влегле во селото Веселоје, на околу 64 километри од Керсон, а семејството наводно решило да побегне од Русите.
Локалните извештаи велат дека првиот автомобил успеал да помине покрај руски војници во селото, но дека вториот немал време.