Американскиот економист Стивен Роуч смета дека кинескиот претседател Кси Џинпинг е единствениот кој може да влијае на рускиот претседател Владимир Путин.

„Мислам дека има само една личност во светот која може да влијае на Путин, а тоа е Кси Џинпинг. Кина е таа која има адут и мислам дека на Џинпинг е да го искористи овој момент“, рече Роуч, кој исто така е соработник на Универзитетот Јеил.

Тој рече дека Кина треба да реагира доколку Русија не се согласи на она што се бара од неа. Тој е меѓу оние кои веруваат дека Пекинг би згрешил кога би го зајакнал своето партнерство со Москва. Роуч процени дека со тоа и Кина доста долго би била виновна за она што се случува сега.

Како што изјави за CNBC, Џинпинг не може да биде на тој курс, бидејќи во спротивно тоа би била негова историска грешка.

Досега Пекинг инсистираше на преговорите да се стави крај на руската агресија врз Украина, а впечатокот е дека Пекинг се обидува да се дистанцира од Москва.