Во своето последно обраќање, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги повика руските војници да се откажат од оружјето наместо „срамно продолжување на војната“. Тој, исто така, рече дека војната станала „кошмар“ за Русите и тврди дека нивните војници бегаат од бојното поле и им оставаат оружје и опрема на Украинците.

„Слободни луѓе на слободна земја, заврши 19-тиот ден од нашиот отпор. Уште еден тежок ден кој не приближи до победата и мирот на Украина. Како и досега, непријателот е збунет. Тие не очекуваа таков отпор. Веруваа во нивната пропаганда која лажеше за нас со децении. Тие сè уште не можат да се опорават, но почнаа да сфаќаат дека со војната нема да постигнат ништо. Нивните војници го знаат тоа. Тие бегаат од бојното поле, оставајќи ги зад себе своите возила и опрема. Ги земаме трофеите за да ја одбраниме Украина. Руските сили де факто станаа снабдувач со опрема за нашата армија. Тие тоа не можеа ни да го замислат во ноќна мора, рече Зеленски, а потоа продолжи да зборува на руски.

„Слушнавме што навистина мислите за оваа војна“

„Сакам да им кажам на руските војници, на оние кои веќе влегле во нашите земји и на оние кои се испратени да се борат против нас. Руски регрути, ве молам внимателно слушајте ме. Руски офицери, веќе сте разбрале сè. Нема да можете да земете нешто од Украина Ќе одземете животи – ве има многу – но и вашите животи ќе бидат одземени.

За што ќе умреш? Знам, сакаш да преживееш. Во пресретнати повици слушаме што навистина мислите за оваа војна, за овој срам и за вашата земја. Вашите меѓусебни разговори, вашите повици дома до вашите семејства, слушаме сè. Извлекуваме заклучоци. Знаеме кој си. Затоа ви нудам избор: во име на украинскиот народ ви даваме можност да живеете. Ако им се предадете на нашите сили, ќе се однесуваме со вас како што треба да се има однос кон луѓето: достоинствено, начинот на кој не бевте третирани во вашата војска и начинот на кој вашата војска не се однесува со нашите луѓе. Изберете“, рече Зеленски.

„Руската армија има повеќе жртви отколку во двете војни во Чеченија“

„Нашите храбри бранители продолжуваат да им нанесуваат катастрофални загуби на руските сили. Многу наскоро бројот на соборените руски хеликоптери ќе достигне 100. Тие веќе изгубија стотици тенкови, илјадници други воени возила и опрема. За 19 дена руската армија имаше повеќе војници убиени отколку во две крвави војни во Чеченија. За што?“, рече Зеленски на украински, пред повторно да продолжи да зборува руски.

„Благодарен сум на оние Руси кои не престануваат да се обидуваат да ја кажат вистината, кои се борат против дезинформациите и им кажуваат вистински факти на своите пријатели и семејства, и лично на таа жена која отиде во студиото на Канал 1 со антивоен плакат. Оние кои не се плашат да протестираат, вашата земја не е целосно затворена од остатокот од светот, претворајќи се во огромна Северна Кореја, треба да се борите, не треба да ја пропуштите вашата шанса“, рече тој.