Руските сили денеска бомбардираа театар, каде цивилите од Мариупол, опколениот пристанишен град во југоисточна Украина, побараа засолниште од нападот.
Градскиот совет на Мариупол нема точен број на жртви, а агенцијата Ројтерс наведува дека не може самостојно да ја провери таа информација, додека Русија ги отфрла обвинувањата дека цели на нејзините напади се цивили.
Кристоф Кетл, новинар на Њујорк Тајмс, објави фотографија од сателитот Максар на Твитер, на која се гледа зборот „деца“ напишан на руски на предната и задната страна на театарот. Се наведува дека снимката е направена пред два дена.
Серхи Орлов, заменик-градоначалник на Мариупол, изјави за Би-Би-Си дека руските сили бомбардирале театар во кој засолниште нашле најмалку 1.000 цивили.