Едно лице (74) загина во лесковачкото село Доње Бријање кога, како што пренесуваат утрово српските медиуми, во него пукал неговиот син (60), кој подоцна се самоубил.

Од полицијата потврдија дека се чека обдукција, како и дека се преземаат сите дејствија и мерки за расветлување на трагедијата.

Од полицијата додаваат дека се разгледува и можноста за учество на трето лице во случката. Трагедијата се случила околу 22 часот во куќата во која живеел неподвижниот татко, две куќи подалеку од својот син.

По пристигнувањето, лесковачката брза помош констатирала смрт кај двете лица.