Украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко за Би-Би-Си ја коментираше ситуацијата во Одеса, градот што тој го претставува, иако моментално е во Киев.

Инаку, руските поморски сили вчера почнаа да ја напаѓаат Одеса, а целта е да се спречат Украинците да излезат на Црното Море. „Владимир Путин ја гледа Одеса како еден од светите градови на Украина“, рече Гончаренко и продолжи: „Тој ја напаѓа затоа што е најголемиот град на Црното Море“.

„Одеса последен пат беше бомбардирана од нацистите пред 80 години. Путин е Хитлер на 21 век“, рече Гончаренко, убеден дека рускиот претседател во моментов не е подготвен за мировни преговори и рече дека нема да престане да напаѓа доколку не сфати дека Украина нема што друго да прави, освен да се брани.

Украинскиот пратеник смета дека треба да се воведат повеќе меѓународни санкции кон Русија за да не можат да си ја дозволат војната. Според Гончаренко, на Украина и треба повеќе оружје, не само системи за противвоздушна одбрана, туку и авиони. Гончаренко вели дека Русија добива предност во воздушните битки.