Македонската јавност неодамна беше сведок на досега можеби најзанимливото издание на квизот „Се’ или нешто“ на Сител телевиизја. Милионот никогаш поблиску, но за крај сепак недостижен за Сузана од Скопје.
Храбрата Сузана беше на чекор од милионот во популарниот квиз кој го води познатата водителка Лила Филиповска, но за жал во нејзината кутија не се наоѓаше милионот, туку само 10.000 денари.
Натпреварувачката успеа до крај да ја задржи во игра највисоката сума, па во игра останаа милион денари и 10.000 денари. Без размислување, Сузана ја одби последната понуда на Банкарот вредна 320.000 денари и реши да ја отвори сопствената кутија.
За жал, во нејзината кутија се наоѓаше многу помалата сума од 10.000 денари, но таа дефинитивно ќе остане како една од најхрабрите, ако не и најхрабрата натпреварувачка која македонската јавност имала можност да ја види во квизот.
И по неколку годишно емитување на квизот, досега за жал никој не успеал да го освои милионот. Многуммина, меѓу кои и самата Сузана веруваше дека за првпат ќе се случи тоа, но милионот беше во кутијата со број 21, а не во нејзината.