Телата на украинските цивили лежеле на улицата во Буча најмалку десет дена пред градот да биде вратен под украинска контрола, соопшти британското Министерство за одбрана во новиот разузнавачки извештај за ситуацијата во Украина.
Разузнавањето наведува дека анализата на снимката од 21-ви март 2022 година, идентификувала најмалку осум тела кои лежат на улица.
Буча беше под контрола на руската армија до-ви 31 март.
„Њујорк тајмс“ во вчерашната анализа на сателитски снимки заклучи дека телата биле на улица пред најмалку три недели додека Русите управувале со градот.
Latest Defence Intelligence update on Ukraine – 5 April 2022
Analysis of satellite imagery dated 21 March 2022 shows at least 8 bodies identified lying in a street in Bucha, Kyiv Oblast. Bucha was occupied by the Russian armed forces until 31 March 2022.
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/o1tQ0bVZ8v
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) April 5, 2022