Сега веќе старо- новиот претседател на Франција, Емануел Макрон победи на вчерашните претседателски избори во Франција. Во исто време, тоа значеше и пораз на главниот противник, десничарката Марин Ле Пен, која ќе мора да чека уште пет години за следната шанса, кога на Макрон веќе нема да му биде дозволено да се кандидира според француските закони.
За љубителите на фудбалот, а особено за љубителите на делото и карактерот на легендарниот шведски напаѓач и еден од најдобрите фудбалери кои ја прошетале планетата, Златан Ибрахимовиќ, Ле Пен остана запаметена по конфликтот што го имаше преку медиумите во период кога Ибра блескаше во Лига 1 во дресот на ПСЖ и, каде што остана жива легенда.
Швеѓанецот со корени од БиХ, кој е познат по тоа што не бира зборови кога се работи за карање или критикување некого, по еден пораз од Бордо во 2015 година, кажа нешто што ја шокираше француската јавност.
– Оваа посрана земја не заслужува клуб како ПСЖ, изјави тогаш Ибрахимовиќ.
Откако министерот за спорт во француската влада го повика да се извини за неговата изјава, Ибрахимовиќ рече:
– Зборував исклучиво за фудбалот. Жал ми е ако навредив некого. Не сакав да кажам ништо грдо за Франција.
Сепак, тоа не беше доволно за Ле Пен, која како лидер на францускиот Национален фронт тогаш рече:
– Веднаш нека ја напушти нашата земја!
После тоа, Ибрахимовиќ повеќе не се огласи, а за конфликтот меѓу Ибра и Ле Пен и скандалозните изјави во Франција се пишуваше подолго време.