На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од Белград каде „за влакно“ беше избегната голема трагедија.
На видеото кое е снимено на пешачкиот премин на Видиковац, Белград, се гледа како возило поминува покрај автомобили и автобус кој застанал на постојка и за малку ќе удрел во жена.
Жената се движи преку пешачкиот премин, кога автомобилот ја прелета колоната и влета меѓу возилата од својата, но и меѓу оние од спротивната лента, а во таа прилика буквално „за влакно“ помина покрај девојка на улица.
Девојката преплашена се врати на тротоарот од каде тргнала да ја преминува улицата, а возачот на автомобилот продолжил да се движи без да погледне назад.