Во босанскиот град Лукавац завчера околу 14 часот се случила несреќа во која загина едно лице, потврди портпаролката на МВР на Тузланскиот кантон Амра Капиџиќ, пренесуваат босанските медиуми.
– Вчера во МВР на кантонот Тузла било пријавено дека едно машко лице загинало во несреќа на градилиште. Несреќата се случила околу 14 часот – изјави вчера Капиџиќ.
Според информациите на „Аваз“, во несреќата загинал Осман Кариќ (23) од селото Сјенина во близина на Добој.