Три лица го загубија животот во страотна сообраќајна несреќа која се случи денеска во близина Огулинац кај Велика Горица на подрачјето на главниот хрватски град Загреб.

Според досега познатото, автомобил на Државниот пат 30 под неразјаснети околности излетал од коловозот. Во тек е полициска истрага за утврдување на сите околности кои довеле до трагедијата. Како што неофицијално дознава Јутарњи лист, на несреќата кумувале лизгавиот колосек и неприлагодена брзина на движење според условите на патот, а наводно загинале двајца браќа и помало дете.

Сообраќајот на тој дел од патот е во прекин и се одвива на автопатот А11 од клучка Лекеник до клучка Бушевец, соопшти полицијата.

– Не знаевме веднаш што се случува. Излеговме на пат и еден човек викна: „Луѓе, повикајте брза помош“. Потоа видовме во далечината разбиен бел Форд превртен наопаку. Вратата од автомобилот била ширум отворена, а телата биле надвор, а околу нив имало некои испаднати предмети. Многу вознемирувачка глетка иако бевме на околу 50 метри. Не требаше многу да дојде брзата помош, полиција и пожарникари во Огулинац. Нивните лица подоцна покажаа дека им е тешко од сцените на кои беа сведоци одблиску. Кутро семејство, тројца загинати. Не можам ни да замислам низ каква тага минуваат – изјавила една мештанка за Јутарњи.

Друга вели дека, колку што слушнала, никој од нив не бил врзан во возилото.

Трите безживотни тела по завршување на истрагата се пренесени во Институтот за судска медицина и криминалистика за да се утврди нивниот точен идентитет, бидејќи само едно лице имало документи со себе. Исто така, обдукцијата ќе покаже дали возачот за кој се претпоставува дека е Д.А., можеби бил под дејство на одредени супстанци или му се слошило додека возел.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸