Во Доња Гуштерица, кај Грачаница во централно Косово, денеска е уапсен полицаецот М.Ш. поради сомнение дека го убил својот брат.
Како што изјави командирот на полициската станица во Грачаница, Братислав Трајковиќ, жртвата е Д.Ш. на возраст од околу 70 години, инаку брат на осомничениот М.Ш.
Мотивот за убиството е најверојатно нерешен имотен проблем. Осомничениот веднаш бил приведен.
Неколку часа по инцидентот нивните роднини не сакаа да зборуваат пред камера. Сепак, одредени детали изнесе еден од соседите.
Тој изјавил дека двете лица инволвирани во овој настан се браќа, а според него, осомничениот за убиството работел како полицаец, пренесува Клан Косова.
Од полицијата потврдија дека во ова убиство е вмешан полицаец.
– Осомничениот полицаец е уапсен, а во моментов полициските истражители во соработка со ПИК започнале истрага за расветлување на сите околности поврзани со случајот – соопштија од полицијата.
Но, ниту полицијата, ниту обвинителството не ги соопштија причините и мотивот за извршување на ова кривично дело, пишува „Телеграф“.