Започна првото полуфинале на 66. Избор за песна на Евровизија, кој оваа година се одржува во Торино. Во првото полуфинале на Евровизија ќе се претстават следните земји: Албанија, Латвија, Литванија, Швајцарија, Словенија, Украина, Бугарија, Холандија, Молдавија, Португалија, Хрватска, Данска, Австрија, Исланд, Грција, Норвешка, Ерменија.
Во првото полуфинале ќе гласа жирито и публиката од 17 земји учеснички, како и Франција и Италија кои како дел од минатогодишната група на „топ 5“ имаат директен пласман во финалето. На синоќешната проба гласаше стручно жири составено од по пет музички експерти од секоја од земјите.
За време на настапот, албанската претставничка со рацете покажа двоглав орел, симбол на Голема Албанија.
Претставничката на Албанија, Ронела Хајати, предизвика медиумско внимание за време на пробите, кога организаторите на натпреварот, поради мислењето дека делови од нејзиниот настап се премногу провокативни, решија да не објавуваат нејзини фотографии на социјалните мрежи.
После тоа, Ронела се правдаше на Твитер, па дури објави и дел од настапот, што е спротивно на правилата на натпреварувањето.
Настапот на албанската претставничка на моменти потсетува на ритуални чинови, но многу фанови ја пофалија за нејзината храброст во провокативните делови.
For the Eurovision first-timers. You'll never regret watching this show tonight! #Eurovision #ESC2022 pic.twitter.com/ZxRQrVaD1Z
— Eurovision Song Contest (@Eurovision) May 10, 2022