Поранешниот дефанзивец на Челси и Милан, Алекс морал да оди на итна бајпас операција на срцето откако имал четири блокирани артерии, потврди поранешниот клуб на Бразилецот, Сантос.
39-годишниот Алекс се пензионираше од фудбалот во 2016, откако во Европа играше во Челси, ПСВ Ајндховен, Пари Сен-Жермен и Милан и во видеото објавено на твитер акаунтот на Сантос ја објави својата состојба.
„Тука сум да демантирам дека имав срцев напад. Дознав за здравствените проблеми пред неколку дена и лекарите решија да направат бајпас операција за четирите блокирани артерии. Ќе останам во болницата уште шест дена“, објави Алекс.
Алекс беше дел од репрезентацијата на Бразил која ја освои Копа Америка во 2007 година, додека со Челси го крена трофејот од Лигата на шампиони.
Nosso ídolo mandou um recado para tranquilizar a Nação Santista! Estamos todos com você e torcendo pela sua rápida recuperação, Alex! 🤍🖤 pic.twitter.com/7RZpdyBFpb
— Santos FC (@SantosFC) June 3, 2022