Германскиот тенисер Александар Зверев е во центарот на вниманието на светските медиуми, како поради претходните скандали, така и поради одличните игри кои непрекинато ги прикажува веќе неколку години. Покрај тоа, неговиот љубовен живот е во фокусот на германските и светските таблоиди, особено поради неговата убава партнерка Софија Томал.

Имено, убавата Софија (34) која е германска актерка го заведе осум години помладиот тенисер веднаш по неговото бурно раскинување со претходната девојка Бренда Пате со која има дете.

Зверев и Софија важат за хармоничен пар, а неодамнешните фотографии на актерката од плажа во Мајами привлекоа големо внимание во јавноста.

Бринетата беше фотографирана од папараците во црно бикини, а нејзината извајана фигура и атрактивните тетоважи ги привлекоа сите погледи, на кои Софија, сепак, не обрна внимание и уживаше во сонцето и океанот.

📷

Да потсетиме, пред да стапат во љубовна врска, поранешната актерка и тенисер се познавале преку заеднички пријател, а првата јавна средба на Софија и Зверев се случила пред две години за време на една ТВ емисија, каде заедно гостувале и од каде започнаа се.

Покрај успешната кариера и неверојатната убавина, Софија е позната и по тоа што е во врска со поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус.

📷