Бизнисменот М.Т.(46), кој денеска се самоуби во Нови Сад, бил сопственик на позната фирма која произведувала чевли. М.Т. важеше за реномиран бизнисмен, а во 2016 година изнесе некои детали за неговата компанија.
– Компанијата постои 25 години, има вкупно 120 вработени, а се занимава со производство на обувки во наменски области за потребите на армијата и полицијата, а е извозно ориентирана за пазарите во Германија и Австрија, за потребите на чии воени и полициски служби произведува обувки, како и друга заштитна опрема, изјави тогаш М.Т.
Станува збор за семејна компанија основана во 1992 година од таткото на М.Т., освен воена, ги произведува и сите останати видови обувки, а постојаната инвестиција во најнова технологија и е основна филозофија од самиот почеток, пренесува Информер.рс.
М.Т. попладнево е пронајден мртов во улицата „Гери Кароља“ во населбата Телеп во Нови Сад нешто пред 18 часот. Според првичните информации, тој во својот дом си пукал со огнено оружје во главата.
Од новосадското јавно обвинителство потврдија дека станува збор за самоубиство, но поради текот на истрагата не можат да соопштат детали. Увидот на лице место е во тек.