На социјалните мрежи кружи видео од лице, вработено како анестезиолог на Гинекологија во тетовската болница, во живо на Тик Ток снимал жени – пациентки во една од салите.

Според ТВ21, видеото е потврдено дека е снимено во тетовската гинекологија, а лицето што го направило видеото било ангажирано на одделението каде се прекинува бременост.

Според порталот, случајот го пријавил директорот веднаш откако дознал за случајот.

Врз основа на законот за здравствена заштита, пациентите имаат право на заштита на приватноста, а врз основа на овој случај, очигледно вработениот ги прекршил правилата на болницата.