Вчера пациент од скопска Геријатрија починал откако паднал од висина, стои во билтенот на МВР. Детали за тоа како дошло до падот нема.
-Вчера во 18,15 година во СВР Скопје е пријавено дека во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина 13 Ноември Скопје, на подрачје на Ѓорче Петров, нивниот пациент М.С.(78) од с.Иванковци, велешко, паднал од висина. Од лекар од итна медицинска помош е констатирана смрт, извесстуваат од МВР.
По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.