Италијанскиот производител на автомобили „Фиат“ ќе престане да произведува сиви автомобили, објави мултинационалниот производител на автомобили „Стелантис“, кој е сопственик на марката.
„Од денес, Fiat го прекинува производството на сиви автомобили. Одлуката е донесена за да се истакне важноста на боите во животот и има за цел дополнително да го зајакне лидерството на „Фиат“ како бренд на радост, боја и оптимизам, отелотворувајќи го италијанскиот начин на живот и потврдување на новата вредност на брендот „Долче Вита“, изјави извршниот директор на Fiat, Оливие Франсоа.
Палетата на бои за каросеријата на автомобилот е „инспирирана од италијанското море, сонце, земја и небо“, се вели во соопштението.
Франсоа додаде дека компанијата сака да ги „инспирира луѓето да живеат со оптимизам и позитивност“, што ќе биде една од мисијата на новиот електричен автомобил „Фиат 600е“, кој ќе биде претставен на 4 јули.