Во Франција четврта ноќ по ред избувнаа жестоки протести. Во неколку француски градови, особено во Марсеј каде беа уапсени 87 лица, евидентирано е ново насилство.
Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека биле приведени и деца на возраст од 13 години, додавајќи дека просечната возраст на уапсените е 17 години. Според досега објавените податоци, синоќа биле уапсени 471 лице, а вчера 917.
На улиците на Франција биле испратени околу 45.000 полицајци, повеќе од претходната ноќ, а забележани се и оклопни транспортери. Владата побара од регионалните власти да ги укинат ноќните автобуски и трамвајски линии.
Немирите започнаа во вторникот, откако полицијата застрела и уби 17-годишно момче од алжирско потекло, по име Нахел М. Полицаецот кој го застрела Нахел му се извини на семејството, но смртта на тинејџерот го разгоре незадоволството поради полициското однесување и расното профилирање во француските предградија.
Демонстрантите палеа згради и возила и ограбуваа продавници, а насилството го втурна претседателот Емануел Макрон во неговата најтешка лидерска криза од протестите на жолтите елеци кои започнаа во 2018 година. Немирите се разгореа низ целата земја, вклучително и во градовите Марсеј, Лион, Тулуз, Стразбур и Лил и Париз откако полицаец во вторникот во предградието на Нантер го застрела и уби Нахел М., 17-годишник со алжирско и мароканско потекло.
⚡️Scenes from Marseille pic.twitter.com/XEwc5ZOxwm
— War Monitor (@WarMonitors) June 30, 2023
Неговата смрт, снимена на видео, повторно го разгоре долгогодишното незадоволство кај сиромашните и расно мешаните урбани заедници поради полициското насилство и расизмот. Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави рано утрово дека 270 лица се уапсени вчера вечер, со што вкупниот број достигна повеќе од 1.100 од избувнувањето на немирите.
Вчера вечер 80 лица се уапсени во јужниот град Марсеј, вториот по големина град во Франција со големо население од северноафриканско потекло. Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат експлозија што го потресува старото пристаниште Марсеј. Градските власти соопштија дека ја истражуваат причината, но веруваат дека нема жртви.
Демонстрантите ограбиле продавница за оружје во центарот на Марсеј и украле неколку ловечки пушки, но без муниција, соопшти полицијата. Едно лице е уапсено со пушка, најверојатно од продавницата, соопшти полицијата која сега го обезбедува дуќанот.
Тројца полицајци утрово се полесно повредени. Полициски хеликоптер прелетува. Во Лион, третиот по големина град во Франција, полициските сили на жандармеријата распоредија оклопни транспортери и хеликоптер за да ги смират немирите.
Запрашан на главниот вечерен ТВ дневник TF1 дали владата може да прогласи вонредна состојба, Дарманин рече: „Едноставно не исклучуваме никаква хипотеза и ќе видиме што ќе избере претседателот на Републиката“.
Во Париз полицијата синоќа ги растера демонстрантите од централниот плоштад Плас де ла Конкорд по спонтаните протести. Повеќе од 200 полицајци се повредени од избувнувањето на немирите, а стотици демонстранти се уапсени, рече Дарманин, додавајќи дека нивната просечна возраст е 17 години. Од почетокот на немирите, бунтовниците ограбија десетици продавници и запалија околу 2.000 возила.