Двајца браќа се пронајдени прегрнати на дното откако трагично се удавија во Бразил. Густаво Бернардо Леал (15) и Габриел Бернардо Леал (11) на 17 јули биле на плажа со нивниот татко и 16-годишниот братучед.
Еден ден претходно, членовите на семејството отпатувале во крајбрежниот град Марагоги, Бразил, од нивниот дом во Сао Паоло. Додека биле на плажата Пероба, трите момчиња отишле на капење, но набрзо биле затекнати од промената на плимата и силните струи.
Нивниот татко дошол на помош на децата и успеал да му помогне на 16-годишното момче да се фати за карпата, но тој не успеал да ги спаси своите два сина и за малку не се удавил и тој, според локалните извештаи.
Браќата исчезнале од видното поле и била повикана брза помош. Портпаролот на противпожарната служба, полковник Клеменс, изјави дека телата на момчињата биле пронајдени шест метри под вода на морското дно по неколкучасовна потрага.
Наводно, тие биле пронајдени во прегрната положба на дното од морето. Тој рече дека браќата „се прегрнале во очај“, додавајќи дека тоа е „вообичаена практика кога луѓето се дават“.