Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан облече тесно танга боди и ги запали социјалните мрежи. Популарната Ким никогаш немала проблем да го покаже својот задник па и гол, но последната фотографија предизвика многу коментари.

Во рамките на новата модна кампања за нејзиниот бренд наречена „SKIMS“, таа позираше во претесно танга боди и предизвика бројни реакции. Таа изјавила дека ова е една од нејзините омилени колекции.

„Фотографиите што ги направивме на генералната проба се всушност фотографиите што беа искористени за кампањата затоа што едноставно се премногу добри. Секогаш барам работи што држат сè на своето место и не се премногу тесни и го прикриваат целулитот. Ова е таа ткаенина и тој модел“, напиша Ким.