Натпреварот меѓу Валвик и Ајакс беше прекинат поради страшна сцена во завршницата, кога голманот на домаќините се судри со противнички фудбалер и остана без свест.

Голманот Етиен Васен се наоѓа во критична состојба откако фудбалер на Ајакс со колено го удри во глава и го онесвести.

По стравичниот судир меѓу голманот и фудбалерот веднаш на терен втрчаа доктори за да му помогнат на несреќниот Васен.