Холивудската ѕвезда Меколи Калкин (43 години), најпознат по улогата во филмовите „Сам дома“, доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.
На церемонијата зборуваше Кетрин О’Хара (69), „мајката“ на Калкин во „Сам дома“, како и актерката Наташа Лион.
„Ти ја заслужуваш твојата ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. И ти благодарам што ме вклучи мене, твојата лажна мајка, која те остави сам дома, не еднаш, туку двапати, за да го споделиш овој среќен момент. Горда сум на тебе“, рече О’Хара.
После тоа, тие силно се прегрнаа, а Меколи ги избриша солзите од неговото лице.