Големата регионална ѕвезда Александра Пријовиќ втора вечер по ред ја наполни загребската Арена. Околу 20.000 луѓе воодушевено скандираа кога српската пејачка излезе на сцената, а изгледа и таа не остана рамнодушна.
– Се надевам дека и вам ви е барем половина убаво како и мене. Вклучете го блицот и ајде да ја испееме мојата омилена песна ‘Девет животи’ – рече Пријовиќ и потоа воодушевено испали:
– И девет животи се малку со вас! Благодарам, Загреб!
Синоќа специјален гостин беше и пејачот Бојан Васковиќ од групата Лексингтон. Прво заедно испеаја песна, а потоа Пријовиќ му ја препушти сцената само нему.