Пејачката Марија Шерифовиќ стана мајка, а интересно е што бременоста ја износи сурогат мајка. Детето е родено во клиника во Лос Анџелес, што предизвика многу шпекулации за идентитетот на таткото на детето, пренесува република.рс. Шерифовиќ реши да го задржи идентитетот на таткото во тајност, изјавувајќи дека кога ќе дојде време нејзиниот син ќе дознае се за неговото потекло.
Марија по раѓањето на синот ја сподели првата фотографија на својот Инстаграм профил, со многу емотивен опис. Во оваа прилика таа ја изрази љубовта кон нејзиниот син и благодарноста до сите кои и дадоа поддршка во овој важен момент од нејзиниот живот.
-Пред две години поминав низ процес на вадење на моите јајце клетки и потоа создавање на ембрион. После сите тие генетски тестови, таа дознала дека имам три здрави ембриони. Така се роди Марио – изјавила пејачката, а не сакала да го открие идентитетот на таткото.
– Поради договорот за приватност не можам да ги споделам сите информации, но она што можам да го кажам е дека кога ќе дојде време, Марио ќе знае се за тоа – изјави Шерифовиќ за медиумите. Шерифовиќ истакна дека нејзиниот пат до мајчинството бил долг и исполнет со бројни предизвици. Овој процес беше проследен со генетски тестови, а резултатот беше раѓањето на нејзиниот син Марио.
Пејачката истакна дека отсекогаш имала голема желба да стане мајка, и дека сега е исполнета во таа улога. Нејзината љубов кон синот јасно се отсликува во емотивните објави на социјалните мрежи, каде што изразува неизмерна среќа за доаѓањето на своето дете на светот. Таа се пофали и на својот Фејсбук профила, каде напиша:
-Љубовта дојде. Небото го осветли најубавата ѕвезда во мојот живот. Се роди Марио. Нека животот те води по неговите најубави патишта, синко, а јас ќе те заштитам од тага и од луѓето со мојата љубов.
Благодарам на сите што испраќате љубов и нека му биде тивко и топло се што доаѓа од вас. Ве сакам сите! Љубов, М&М, напиша таа.
Српските медиуми пишуваат дека Марија присуствувала на породувањето, а со неа заедно во Америка е и мајка и Верица Шерифовиќ, која и помагала