По масовното пукање на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага, во кое загинаа најмалку 15 лица, а 24 се ранети, на платформата „Х“ (поранешен Твитер) се појави наводна порака од убиецот напишана пред самиот крвав пир.

Имено, тој прво се претставил на непозната веб-страница, а потоа објаснил што ќе прави, и зошто. Застрашувачкото писмо, кое го објави неколку часа пред масовното пукање, ја замрзнува крвта во вените.

– Отсекогаш сакав да убивам, мислев дека во иднина ќе станам манијак. Сфатив дека е многу поисплатливо да се прават масовни убијци отколку сериски убијци. Седнав… чекав… сонував… сакав… но Алина стана последната точка. Како токму навреме да ми дојде на помош од небото – изјавил тој во првиот дел од својот „дневник“.

Како што дообјасни, „каналот“ на кој е објавено неговото писмо најверојатно нема да се најде на веб-страницата после крвавиот пи

– Овој канал ќе биде затворен после ова долго време, иако на почетокот сакав да го отворам, но го прочитав упатството дека е подобро да се отвори каналот неколку часа пред пукањето. Најверојатно ќе го направам тоа – напиша тој.

На самиот крај тој објасни дека ова ќе биде канал, односно место каде што ќе пишува за својот живот пред самото пукање.