Хамас објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како еден од нивните војници уништува израелски тенк Меркава од непосредна близина.
На видеото направено од друг борец на Хамас, еден од членовите се приближува до израелски тенк Меркава и става одредена експлозивна направа на него.

Недолго по поставување на уредот, тенкот се помрднува и дошло до огромна експлозија која очигледно го уништила. Интересно е што тенкот не бил придружуван од пешадија, па екипажот веројатно не бил свесен за опасноста во која се наоѓа.

Во вторникот наутро, Израел ја призна смртта на уште двајца свои членови во Појасот Газа, со што бројот на признаени загуби од почетокот на копнената инвазија на Газа се искачи на 158. Исто така, ИД објави дека четворица негови членови се тешко ранети.