Судијата од Кривичен суд, Пајазит Пајазити, не одредил притвор за групата која упадна во М-НАВ предводена од Беким Незири. Станува збор за заменик претседател на Кривичниот суд.

Во времето кога Груевски беше во бегство беше судија за санкции кој ја носеше одлуката за издрживање на казната затвор, односно му ја одреди поканата за прием.

Познато е и дека Пајазити бил дежурен во судот цела недела согласно распоредот во Кривичниот суд.

Обвинителството кое бараше притвор за четворицата уапсени најави жалба.

Во моментов МВР трага по уште четворица кои се во бегство.