Бројот на потврдени мртви лива во пожарот што ја зафати станбената зграда во источниот шпански град Валенсија се искачи на десет, соопштија официјални лица. Според Ел Паис, четирите жртви се членови на исто семејство – татко, мајка, тригодишно девојче и новороденче.

Претходно властите соопштија дека најмалку четири лица загинале, а 14 се водат како исчезнати.

Станарите спасот го бараа на балконите

Официјални лица велат дека жителите побегнале од пожарот на балконите, од каде пожарникарите спасиле неколку лица користејќи кранови. Повредените се здобиле со скршеници, изгореници и прекумерно вдишување чад.

Меѓу повредените има и шест пожарникари

Причината за пожарот не е позната, но некои медиуми јавуваат дека пожарот многу брзо се проширил поради материјалот користен во конструкцијата на зградата.

Не е познато колку луѓе имало во зградата во моментот на пожарот.

Потсетуваме, големиот пожар се случи на четврти кат од зграда во населбата Кампанар во Валенсија.

Пожарот брзо избувнал и ги оштетил сите 14 ката од зградата. Властите ја расчистиле областа околу зградата за да избегнат загрозување на цивилите и да им го олеснат пристапот на пожарникарите и итните служби.