Девојчето Марија Челишева од градот Лаишево во Русија остана сирак само затоа што нејзините родители чувале вреќа со компири во подрумот. Никој од семејството немаше поим дека ќе се случи трагедија или фактот дека овој зеленчук може да биде смртоносен.

Михаил (42), татко на малата Марија, некогаш успешен професор по право, кобниот септемвриски ден отишол да земе компири во подрумот, за да може неговата сопруга да подготви ручек, но никогаш не се вратил. Се онесвестил од гасот што го испуштил компирот и набргу починал.

Кога неговата сопруга Анастасија сфатила дека Михаил не се вратил некое време, отишла по него и ѝ се случило истото. И нивниот постар син Георги (18) предолго се задржал во подрумот, како и бабата Ираида (68) … Од сите останала жива само Марија.

Компирите содржат гликокалоиди кои се токсични за луѓето. Како што овие зеленчуци гнијат, концентрацијата на гликокалоиди се зголемува и потоа се претвора во смртоносен гас.

Кога семејството на Марија влегло во подрумот, сите биле отруени од овој отров и починале на лице место.

Единствено што ја спасило е тоа што вратата од шкафот каде се чувале компирите била оставена отворена, па гасот во меѓувреме испарил, а девојчето останало живо.

Огромната семејна трагедија се случи во септември 2013 година во семејната куќа, но поради бизарниот начин на кој загина целото семејство на Марија, таа повторно е актуелна на социјалните мрежи и предупредува колку трулиот компир може да биде опасен за животот.