Хрватскиот портал „Дневник“, објави реконструкција на несреќата која се случи вчера на автопатот Брегана – Липовац крај Славонски Брод.
Во несреата косовски автобус излета од патот и се превртеоткако шоферот задремал зад воланот.
Автобусот патувал од Франкфурт кон Приштина. Од „Дневник.хр“ направиле реконструкцијата врз основа на полицискиот увид.
Во сообраќајната несреќа на косовскиот автобус кај Славонски Брод во Хрватска животот го загубиле десет лица, а 44 добиле лекарска помош во тамошната болница.
Според податоците добиени од хрватските надлежни органи, 15 од повредените се здобиле со потешки повреди и некои од нив се во критична состојба.