Претседателот на Движењето Беса и дел од албанската опозициска коалиција „Влен“, Биљал Касами денеска на настан во Тетово изјави дека, како што веќе е најавено, нивната коалиција ќе биде дел од наредната влада. Посочува дека во таа влада, па дури и со ВМРО-ДПМНЕ, полесно ќе се изгласат уставните измени.
-Ќе има европска влада, влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел. Во таа влада, се разбира, кажавме и кажуваме дека го гарантираме интегрирањето на земјата во ЕУ и унапредувањето на правата на Албанците. И претходно имаме кажано дека во таква влада ќе биде многу полесно, дури и ако ВМРО-ДПМНЕ е во таа влада или која било политичка партија, треба да се изгласат уставните измени. Затоа, кога велиме дека ќе се изгласат уставните измени и ќе се изгласат. Ние не сме како ДУИ која за 10 години коалицинирање со ВМРО-ДПМНЕ не направи ниту најмал чекор кон интеграција во Европската Унија, рече тој.
Касами нагласи дека нивната коалиција се „гаранти на уставните измени и унапредувањето на правата на Албанците“
Максим Димитриевски: ЗНАМ не влегува во било каква идна коалиција во која ќе биде ДУИ
Уште во овој момент ќе кажам дека ЗНАМ ниту ќе биде политичка партија која ќе го спасува ова актуелно раководство на СДСМ од политичкиот потоп кој што им се случува, ниту пак ќе се вклучи во било каков тип на соработка и идна соработка за формирање на било какво мнозинство со нив, порача лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски во своето вечерашно гостување во Дневникот на ТВ Сител.
– Воедно, еве и ексклузивно да кажам во вашата емисија, ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна идна коалиција, постизборна коалција во која што ќе партиципира сегашниот и поранешниот владин партнер, а тоа е ДУИ, затоа што сметаме дека таа полтиичка партија се изгради во континуитет на корупција и потребна е сериозна реформа во истата, за да може едноставно да расчисти со минатото и сето она што лошо го направи во оваа држава, рече Димитриевски.
Димитриевски објави дека нема против да учествува во коалиција со албанската опозиција.
– Јас веќе во Куманово функционирам со една коалиција од албанскиот блок, тоа се веќе четирите партии, коалицијата ВРЕДИ. Имам добро искуство, рече Димитриевски.