Германската џудистка Мартина Трајдос го привлече вниманието на светот поради необичниот мотивациски „ритуал“ пред да излезе на меч од ОИ во Токио, а се состои во тоа дека тренерот едноставно и удри две силни шлаканици.
За неупатените, оваа сцена беше прилично вознемирувачка, при што стигнаа голем број на критики за однесувањето на тренерот… но не е сè како што изгледа.
Германката се јави и испрати порака, во која го одбрани својот тренер и стави крај на критиките упатени кон него.
Инаку, на видеото што ги зовре социјалните мрежи, може да се види дека тренерот Клаудио Пуса пред мечот ја зграпчува Мартина и ја тресе, а потоа и удира шлаканици. После тоа, Германката излезе на мегдан со противничката, каде загуби од Софи Обабас.
Во јавноста малку се зборуваше за поразот на Трајдос, но сите зборуваа за однесувањето на тренерот.
– Посакувам насловите да беа напишани за мене од друга причина. Не грижете се. Ова е ритуал што го практикувам пред борбата. Мојот тренер го прави она што го замолив да го направи за да ме налути, изјави Мартина.
A czo tu się odpoliczkowało w ogóle?! pic.twitter.com/mX2r9rMMTA
— Mischa Von Jadczak (@michaljadczak) July 27, 2021