Сонцето немилосрдно пече овие денови и секој се заштитува на начин како што најдобро знае. Победникот, без двоумење, е турист на една од црногорските плажи кој смисли свој заштитен фактор и стана хит во целиот регион.
Фотографијата на денот доаѓа од Црна Гора, каде на една од плажите е фотографиран човек, кој одлучи да го искористи жешкиот ден по секоја цена, без оглед на постојаните предупредувања од лекарите да избегнуваат прекумерно изложување на сонце.
Тој не се заштити под чадор, туку најде свое решение. Тој го намести провидниот најлон со кој ја покри својата лежалка и се смести таму, во еден вид преносна сауна која наводно ќе го заштити од сонцето.
Фотографијата објавена на Инстаграм страницата „Подгорички времеплов“ веднаш стана хит и луѓето само ги редеа коментарите во кои се изненадени од некој кој доброволно се затвори во целофан на +40 степени.
Живее како бубрег во најлон, коментира еден корисник на Инстаграм и прашува како изгледа да се дише во вакво нешто, а многумина се интересираат колку ќе поцрвене до крајот на денот бидејќи е јасно дека ова не било негова најпаметна одлука.