Многу турски актери се стекнаа со слава во регионот благодарение на популарните серии во кои глумеа. Но, никој не им го „замати паметот“ на обожавателките како Бурак Озџивит (39), згодниот Турчин кој се прослави со улогата на Бали-бег во можеби најпопуларната и најомилена серија на овие простори – „Сулејман Величенствениот“. А таа наклонетост од фановите не ја стекна со своите фантастични актерски способности, туку со фантастичниот, барем во тој момент, изглед.
Бурак Озџивит ужива во бракот со сопругата, исто така актерка Фахрије Евќен, а неодамна папараците ги уловија како уживаат во водата, летото и сончевото време.
Сепак, она што ќе растажи многу жени, или барем оние кои беа заљубени во неговата совршена физиономија и анатомија, е фактот што познатиот Турчин натрупа неколку килограми и што неговиот „пивски стомак“ сега гордо се шета по плажите и базените.
Дали е тоа „сладок живот“, како што пишуваат многумина, или актерот на прагот на четириесет години повеќе не гаи дефинирани мускули, како во периодот кога се здоби со популарност, наклонетост на толпата и слава.
Најверојатно вниманието на жените, освен неговата сопруга, повеќе не му се примарна мотивација кога станува збор за изгледот – не знаеме, но на папарацо фотографиите славниот Бали-бег изгледа многу растеретено и се чини дека ужива во брачните води со својата избраничка.
Неговиот овековечен „нов изглед“ брзо „доминираше“ на социјалните мрежи, а на една страница на Инстаграм, според коментарите, фановите немаа милост.
„Што стана со Бали-бег?“, „Бурак Озџивит се претвори во компир“, „Изгледа како да пред скоро родил дете“, „Сега Фахрије е поубава од него“, напишаа корисниците на споменатата социјална мрежа под фотографиите.