Грчките медиуми објавија шокантни фотографии од претепувањето на грчко-канадскиот брокер од критско потекло, Емануел Какулакис, од страна на група од пет критјани во Ираклион.

Емануел Какулакис, успешен берзански посредник со грчки корени кој живее во Монтреал, беше жестоко претепан од група критјани, што резултираше со операција од 6 часа и 60 конци во главата, надворешни и внатрешни.

Инцидентот се случил кога грчко-канадскиот брокер кој се наоѓа на одмор со семејството во Ираклион, Крит, им дал забелешка на група Критјани во кафе бар додека еден од нив му ја запалил раката со цигарата, односно како што се гледа на видеото, претепаниот има контакт со запалена цигара која ја држи еден од напаѓачите.

– Оваа забелешка изгледа ги навредила критјаните, кои бурно реагираа и жестоко го претепаа берзанскиот брокер пред неговите деца и сопруга, објавуваат грчките медиуми.

По нападот, канадскиот турист веднаш бил пренесен во болницата Венизелио со тешки повреди на мозокот и таму му била оперирана долгочасовна операција за санирање на повредите.

Се истакнува дека во претходните денови се дозна дека двајца од сторителите се идентификувани. Конкретно, станува збор за 31-годишен маж од село Милопотамос и 32-годишен маж од подрачјето на општина Малевизи, додека според информациите се трага по други двајца.

Емануил Какулакис продолжува да биде хоспитализиран и утрово канадскиот амбасадор требаше да го посети, покажувајќи му ја поддршката на канадската влада на нејзиниот граѓанин.

Во продолжение погледнете ја снимката од тоа како започнува караницата: