Тројца млади Бугари викендов се удавија во реката Јантра кај Велико Трново. Црниот викенд започнал со давење на 28 годишен маж, а наредниот ден реката однела уште два млади животи.
Бугарските медиуми јавуваат дека две лица, татко и син, се удавиле во близина на железничката станица Горна Орјаховица. На први август, околу 18 часот во полициската станица во била примена пријава за двајца мажи кои влегле во водите на реката, а потоа не се појавиле повторно.
Нивните тела биле пронајдени околу 20 часот вечерта во текот на истрагата. Нивниот идентитет е утврден. При првичниот увид не биле пронајдени првични траги на насилство. За случајот е поведена постапка.
Покрената е постапка и за смртта на 28-годишен маж од селото Шумата, кој се удавил во реката Јантра во атарот на селото Петко Каравелово на 30 јули околу 19:20 часот. ВНеговото тело било пронајдено во близина на местото каде што исчезнал и исто така не се пронајдени траги од насилство.
Оваа трагедија е само продолжение на минатите години, кога во оваа река има безмалку редовно.