Ракометната репрезентација на Македонија денес ќе го одигра последниот натпревар од групата Д во првата фаза на Светското првенство.
Противник на нашиот национален тим е селекцијата на Гвинеја, која се смета за аутсајдер во групата и за првпат настапува на овој турнир.
Во првите две кола, денешниот ривал на Македонија претрпе очекувани порази со висока разлика од Холандија (40:23) и Унгарија (35:18). Гвинеја е релативно непозната екипа која, како петтопласирана на Африканскиот шампионат, обезбеди место на Светското првенство.
За Македонија, овој натпревар е од клучно значење, бидејќи победата ќе го обезбеди нејзиниот пласман во Главната фаза. Со тоа, репрезентацијата ќе ги потврди позитивните настапи од првите два дуели, каде што одигра нерешено со Унгарија (27:27) и забележа тесен пораз од Холандија (32:37), освојувајќи бод во стартното коло.
И нерешен исход би бил доволен за Македонија да се пласира во следната фаза, каде ќе ја очекуваат нови предизвици против Франција, Австрија и Катар.
Натпреварот започнува во 18:00 часот и ќе се игра во арената во Вараждин.